| четврток, 6 декември 2018 |

Ден по трагедијата, пилот на Џерманвигс го направи најдоброто за патниците (видео)

pilot

Патничка која патувала со авион на Џерманвингс ден по трагедијата во јужна Франција на Фејсбук објавила видео кое опишува многу емотивен момент во кој капетанот на летот излегол од кабината,го зел микрофонот и порачал на патниците дека се безбедни со него и неговиот екипаж.

Брета Енглиш во пораката под видеото напишала дека во авионот со кој патувала од Хамбург за Келн се качила со „помешани емоции“  и само ден откако Андреас Лубиц намерно урна авион на таа компанија притоа убивајќи 149 патници и членови на екипажот.

–       Говорот на пилотот беше за тоа дека трагедијата влијаела на него и неговата посада. За тоа како тие се чувствуваат чудно, но и дека сите се тука по своја воља, пишувало во пораката.

–       Зборуваше за тоа дека и тој има семејство, дека посадата имаат семејства и дека ќе сторат се за да бидат со своите семејства таа вечер, раскажува Енглиш во пораката.

Таа додала и дека сите во авионот тивко го слушале говорот, а на крајот му аплаудирале.

–       Би сакала да му се заблагодарам на капетанот за разбрањето како се чувствувавме ние патниците и за тоа што ни го направи летот поудобен, напишала на крајот патничката.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top