| четврток, 6 декември 2018 |

Катерина Николовска прва Македонка на џудо Гран При турнир

Македонскиот олимписки комитет финансиски (МОК) комплетно финансиски ја помогна Катерина Николоска за прво учество на еден од низата Гран При натпревари од највисок ранг на Меѓународната Џудо Федерација. Бодовите на ваквите натпреварувања се сметаат во рангирањето за достигнување на олимписка норма. Николоска ќе парува за Самсун, Турција, како прва Македонка што учествувала на Гран При турнир.

Тежината на овој настап е дополнително поголем ако се знае дека ова е прв Гран При натпревар за еден џудист од Македонија на најпрестижните светски џудо турнири.

dzudo

Николоска на турнирот во Самсун ќе настапи во категоријата до 63 килограми, а за противник ќе ја има искусната Франсен Џул од Холандија.

Со помош на МОК, Катерина Николоска учествуваше на тримесечни подготовки во Хрватска каде добар дел од трениинзите ги работеше со најуспешната хрватска џудистка Барбара Матиќ. Нашата претставничка го освои третото место на контролниот турнир „Загреб Опен“, па учествуваше и на Европскиот Куп во Сараево.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top