Едно лице загина, а десет се повредени во пожарот што ги зафати просториите на хрватската гранична полиција Бајаково на границата со Србија.
Пожарот изби околу 20 часот и 30 минути во просториите на хрватската гранична полиција, а жртвите се наоѓале во просториите за сместување на уапсените лица.
Пожарникарите успеале да гио изгаснат огнот околу 21 часот и 15 минути.
Меѓу повредените се седум полициски службеници и три уапсени лица.
Директорот на хрватската полиција од Вуковарско-сремската полициска управа изјави дека случајот ќе биде истражен дали пожарот избил поради евентуални пропусти во постапките на полициските службеници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.