| четврток, 6 декември 2018 |

Тахири: Постигнат е договор за распуштање на „Граѓанската заштита“ во северно Косово

тахири

Косовската министерка одговорна за дијалогот со Белград, Едита Тахири, изјави дека е постигнат договор за распуштање на организацијата „Граѓанска заштита“ во северниот дел на Косово.

– Договорот за распуштање на „Граѓанската заштита“ е постигнат меѓу Белград, Приштина и ЕУ – истакна Тахири.

Тоа предвидува членовите на „Граѓанската заштита“ да бидат интегрирани во институциите на Косово. Договорот ќе стапи во сила до 1 септември оваа година.

Граѓанската заштита, вооружени структури составени од Срби во северниот дел на Косово, е дел од т.н. паралелни структури, чиешто укинување е од огромно значање за спроведувањето на Бриселскиот договор за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top