| четврток, 6 декември 2018 |

(Видео) Тројка од половина терен, реакција „ладен шприцер“

bogdan

Богдан Богдановиќ постигна тројка од огромна далечина и ги крена на нозе навивачите на Фенербахче, а интересна е реакцијата на кошаркарот на клубот од Истанбул. Погоди фантастична тројка и потоа ладен како шприцер воопшто не реагираше возбудено. Богдановиќ важи за еден од најдобрите шутери во Европа и има постигнувано слични кошеви од далечина, но овој против Уникаха е вистинско ремек-дело.

Од повеќе од половина терен, Богдановиќ постигна табла-кош, што е екстремно тешко. Фенер лесно го победи ривалот од Шпанија и ја задржа првата позиција на табелата во својата група во Евролигата на УЛЕБ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top