Поради движењето на небото после настанувањето на 12-те хороскопски знаци, дури 86 отсто од луѓето не се родени во знакот во кој веруваат дека се.
Астрономот д-р Радмила Топаловиќ изјави за „Би-би-си“ дека силните гравитации на Месечината и Сонцето предизвикуваат „помрднување” на Земјата, што значи дека кај повеќето луѓе постои отстапување од околу месец дена.
Ако сте родени, да речеме на крајот на јануари, тоа би значело дека Сонцето тогаш би требало да биде во соѕвездието на Водолијата. Меѓутоа, ако би погледнале каде се наоѓа Сонцето на вашиот роденден, би виделе дека воопшто не е во Водолија, туку во соседното соѕвездие на Јарецот”, објаснува Топаловиќ.
Овенот, на пример, ги покрива луѓето родени меѓу 19-ти и 14-ти мај, а не, како што сме навикнати, родените од 21-ви март до 20-ти април.
Постои и 13-ти знак, наречен Змијоносец, кој ги опфаќа родените меѓу 30-ти ноември и 18-ти декември. Не е познато поради што го изоставиле астролозите пред повеќе од 2.000 години.
Професорот Џон Латанцио, директор на Центарот за астрофизика на Универзитетот Монаш, вели дека одамна е познато дека астролошките знаци не се во сооднос со движењето на планетите.
“Причина е прецесијата на Земјината оска”, вели тој и објаснува дека податоците кои се однесуваат на одредени соѕвездија во хороскопските знаци, повеќе не одговараат на фактите.
Тој вели дека суштинското прашање е дали положбата на ѕвездите во моментот на раѓањето може да влијае на личноста.
“Прво треба да проверите дали има некакво влијание, а истражувањата покажаа дека нема”, вели Латанцио и додава дека луѓето кои веруваат во знаците на зодијакот се всушност жртви на “ефектот на потврдување” и дека го читаат она во што сакаат да веруваат.
Меѓутоа, астрологот Хелен Хартли не го дели неговото мислење. Таа вели дека “BBC” објавиле “куп глупости”, кои не го земаат во предвид начинот на кои астролозите работат.
“Постојано се среќаваме со тоа. Не обрнуваме внимание на аргументите кои ги изнесуваат научниците”, вели таа, истакнувајќи дека астролозите не се потпираат на основните знаци, туку пресметуваат индивидуални хороскопи засновани на точното време на раѓањето на личноста, што им дава дводимензионална слика на небото и како тоа би можело да влијае на личноста и нејзините меѓучовечки односи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



