Дваесет и осумгодишен жител на Нант деновиве доби обвинение поради признавање татковството на 21 дете од 19 различни мајки за да им дозволи да добијат дозвола за престој во Франција.
Како што пишува регионалниот весник „Уест Франс“, младиот Французин признал дека е татко на 21 дете, родени меѓу 209 и 2014 година. Неговата „милосрдност“ била откриена од граничната полиција, која пронашла документи со кои се потврдуваат неговите административни постапки за признавање на децата, пренесува дописникот на МИА од Париз.
Според весникот, „таткото“ на 21 дете пред обвинителот потврдил дека тој навистина е таткото на сите деца. Истражните органи сега се обидуваат да дознаат дали „таткото“ бил платен за неговиот гест и дали има други деца.
За ова 28-годишни лице постојат сомневање дека давал лажни изјави и затоа ризикува петгодишна затворска казна. И мајките на децата, кои побарале услуга од него, исто така, може да бидат обвинети. Додека децата, кои имаат француско државјанство, можат да го загубат, а нивните мајки да ја загубат дозволата за престој.
Истрагата е се уште на самиот почеток.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


