
Австралија денеска им се извини на 150.000 свои државјанки за тоа што ги принудила да се откажат од своите деца. Овие случаи датираат од периодот меѓу 50-тите и 70-тите години на 20 век. Мајките, кои биле принудени да се откажат од своите деца и да ги дадат за посвојување на бездетни двојки, во најголем дел од случаите биле немажени и во тинејџерска возраст.
– Насилната принуда на мајките да се откажат од своите деца, удира по најсветата врска што може да постои, врската меѓу мајка и дете – истакна премиерката Џулија Гилард. Федералниот парламент се извини за кршењето на човековите права, откако тоа го направија сите шест сојузни држави, како и Католичката црква, која управувала голем број болници во кои жените биле принудувани да ги дадат своите деца на посвојување. Владејачката Лабуристичка партија денеска ќе гласа на специјална седница дали Гилард да остане на лидерската функција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


