Многу луѓе се загрижени дека ако уште на првиот состанок имаат секс, ќе се сметаат за „лесни“ и нивните шанси за долгорочна романтична врска се значително намалени.
Резултатите од новата студија покажуваат дека тие грешат, пишува „Дејли стар“, повикувајќи се на резултатите од истражувањето направено во Велика Британија од страна на фирмата за секс играчки Лавхани.
Анкетата која опфатила 2250 лица, покажува дека првата средба на 59 % од мажите и 57 % од жените, завршува во кревет. Ова сепак не ги спречува една третина од претставниците и на двата пола, да ги продолжат врските со партнерот, наместо да останат со еднократната сексуална авантура.
Три од десет учеснички во анкетата, не се срамат да признаат дека биле пијани кога имале секс за една ноќ. Истото го признаваат 21% од мажите кои учествувале во анкетата.
Истражувањето исто така открива дека 61% од жените и 63% од мажите имале желба да имаат секс на првиот состанок, но се воздржале поради загриженоста дека е прерано.
Над 80% од дамите и 73% од претставниците на посилниот пол, кои сепак се престрашиле и се впуштиле во интимни страсти уште на првата средба, признаваат дека биле прилично нервозни.
– Изненадувачка порака од ова истражување е дека импресивни 83% од жените и речиси 90% од мажите, не ги сметаат за лесни партнерите со кои завршиле во кревет уште на првиот состанок.
Општиот впечаток од анкетата е дека британците ги надминале предрасудите на тема секс и ги заборавиле старомодните предрасуди, вели косопственикот на Лавхани, Ричард Лонгхерст.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




