| четврток, 6 декември 2018 |

Скутер на расклопување

skuterСкутерот на електричен погон достигнува 35 километри на час, што би требало да биде доволно за возењето до работа и назад. Максималната брзина му е 45 километри на час.

За тие, за кои градскиот метеж и потрага по паркинг-простор е вистински кошмар, овој електричен скутер може да биде вистинско решение. Малечкиот скутер може да се склопи така што можете да го носите во автобус или воз, а потоа да продолжите со возењето со сосема доволните 45 километри на час.

skuter1

Тежок е 25 килограми и достигнува до 35 километри, а за тоа треба да се полни еден час. „Мовео“ (Moveo) има мотори во двете тркала, а склопувањето трае неколку секунди. Откако ќе го склопите можете да го влечете како куфер. Компанијата „Антро“, која го дизајнирала, се надева дека ќе го лансира на пазарот следната година. Би требало да чини околу 3.000 долари, а шефот на компанијата, Тамас Слезак вели дека продажбата прво ќе почне на интернет. Дизајнерите бараат инвеститори за да го довршат развивањето и да почнат со производство и продажба, пишува „Дејли меил“ (Daily Mail).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top