| четврток, 6 декември 2018 |

Подршка од навивачите на Атланта: Што ќе кажете сега за „Господин Македонија“?

Перо Антиќ го одигра својот најдобар натпревар досега во НБА лигата. Тој синоќа во дуелот против Оклахома запиша 22 поени за нешто помалку од 20 минути игра.

460164230

Иако формата на Антиќ во последните два месеци бележеше пад, тој никогаш не ја изгуби подршката од навивачите на тимот кој е најдобар во источната конференција.
Голем дел од пораките на социјалните мрежи фановите на „јастребите“ ги насочија кон Перо Антиќ со подршка и надеж за добри партии и во иднина и секако во плејофот кога се очекува да се борат и за шампионскиот прстен.

Највпечалива беше пораката на која се се жали за пропуштената победа против Оклахома, но се бара и одговор од најголемите критичари на Антиќ за одличната партија на Македонецот.

Тежок пораз, но што ќе кажете сега за Господин Македонија?

gospodin makedonija

Антиќ по натпреварот во кој беше најефикасен меѓу своите соиграчи, посочи дека се обидувал да ја најде својата игра, но жали за пропуштената шанса за победа.

– Одигравме лошо во финишот и не успеавме да дојдеме до победата. Се обидував да ја играм својата игра, и среќен сум што полека се враќам со игра каква што посакуваат сите во клубот од мене. Но, сигурно ќе бев многу посреќен да дојдевме до победата – истакна по синоќешниот меч Перо Антиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top