| четврток, 6 декември 2018 |

Кавадарчанец мастурбирал среде бутик

Несекојдневната и непријатна случка ја пријавила продавачка на бутик во Кавадарци, кога пред некој ден муштерија влегол во гардероба да пробува фармерки, а завршил со својата машкост во рака, пренесува дневниот весник „Дневник“.

По кратко време, непознатото лице ја тргнало завесата, очекувајќи ги погледите на вработената, а таа имала и што да види. Лицето било со соблечени фармерки и гаќи, а во меѓувреме и мастурбирал. Кога продавачката почнала да вика, манијакот се облекол и ја напуштил продавницата.

Според наводите од записникот на СВР Велес, против истиот ќе биде поднесена кривична пријава за задоволување полови страсти пред друг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top