Германски телевизиски водител призна дека го монтирал видеозаписот, на кој грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис ѝ покажува среден прст на неговата земја, јави ДПА.
Во видеозапис објавен синоќа на страницата на јавната телевизија „Цет-Де-Еф“, Јан Бомерман, насмеан, признава дека навредливиот гест е монтиран од него. Бомерман потоа објаснува како го монтирал видеозаписот.
Актуелниот грчки министер за финансии е познат по острите позиции. Во неделата вечер во политичка емисија на германската телевизија „А-Ер-Де“, беше објавено видео на кое Варуфакис, кој како професор по економија ѝ покажува среден прст на Германија на конференција во Загреб во 2013 година.
Случајот предизвика скандал, што дополнително ги затегна односите меѓу Грција и Германија. Варуфакис категорично ги отфрли ваквите обвнувања, оценувајќи го видеото како фалсификат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Уапсени седум мигранти за силување на тинејџерка во Германија
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!


