Запалени автомобили и канти за ѓубре на плоштадот Егзархија во центарот на Атина е епилогот од синоќешните инциденти, што беа предизвикани од група анархисти со качулки на главите, кои уште еднаш побараа ослободување на сите приведени лица за тероризам, соопштија грчките медиуми.
Инциденти имало и во реонот на атинскиот Политехнички факултет, по протестот во кој учествуваа околу илјада анархисти.
Демонстрантите предизвикале материјални штети и врз канцелариите во седиштето на опозициската партија ПАСОК.
Полицијата не интервенирала во растурање на протестот на анархистите.
Медиумите информираат дека ова е уште еден насилен протест во центарот на Атина испровоциран од анархистите, кои во последно време бараат затворање на затворите со особено строг режим, укинување на антитерористичките закони и пуштање на слобода на роднините на приведените за учество во терористичката организација „Заговор на јадрата на огнот“.
Анархистите минатата недела ја окупираа зградата на Правниот факултет во Атина со барање за ослободување на терористот Савас Ксирос, а неколку дена пред тоа ги зазедоа и централните канцелариите во седиштето на партијата СИРИЗА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!