| четврток, 6 декември 2018 |

Погледнете како слабеат познатите мајки

00040306

Слабеењето по бременоста можеби ви изгледа невозможно, особено во првите месеци по породувањето, но познатите дами докажуваат дека доколку вежбате редовно и се придржувате на правилен режим на исхрана, оваа мисија е возможна и тоа за многу кратко време.

Погледнете како само за неколку месеци, па дури и недели по породувањето, познатите дами си ја вратиле фигурата и изгледаат секси:

Бијонсе

beyonce_photoshop_100114

Кралицата Бјонсе, не е од дамите кои си го губат времето. Таа за само неколку недели успеа да ја врати својата фигура како пред раѓањето на Блу Ајви, а тајната на нејзиниот успех во борбата против вишокот килограми, стекнати во бременоста, е строга диета базирана на протеини и внесување на храна која го подобрува метаболизмот.

На пример едно нејзино дневно мени вклучува, неколку жолчки за појадок, мисирка со каперси за ручек, грашок со краставици со оцет, малку чили и сок од лимон за попладневна закуска или чинија шумски плодови и зелени јаболка.

 

– Оцетот ги топи мастите, лутите пиперки го стимулираат метаболизмот, а сокот од лимон помага во детоксикацијата на организмот, појаснува нутриционистот на ѕвездите Синтија Паскал.

Хали Бери

Halle-Berry-Bikini-Arm-Workout

Откако актерката го роди синот Макео, во октомври 2013 година, за да ја врати својата фигура, таа почна да јаде почесто, но помали порции. Според тренерот на ѕвездата, Рамона Браганза, Хали го користи правилото „3-2-1“.

Имено јаде три главни оброка, две лесни закуски помеѓу оброците и пие барем еден литар вода дневно.

– Честото јадење го одржува нивото на шеќерот во крвта стабилно и го засилува метаболизмот, вели Браганза. Таа исто така додава: „Мамички, земете пример од бебињата и почнете да јадете исто како нив, на 2-3 часа, но мали порции, се разбира“.

Миранда Кер

miranda-kerr-victorias-secret-healthy-body-image

Ангелот на „Викторија Сикрет“  ја одржуваше добрата форма во текот на целата бременост со редовни јога вежби. Сосема природно по појавата на малиот Флин на виделина, таа почна да практикува значително по тешки спортови, за да се осободи од неколкуте килограми кои доаѓаат со бременоста.

Миранда исто така открива, дека по породувањето ослабела не само со напорните тренинзи, но и со вклучување во секојдневното мени корисни масти. Топ моделот во едно интервју сподели дека почнала секојдневно да јаде по четири чаени лажици кокосово масло, кое е го додавала како во салати, така и да готви со него.

– Спротивно на застареното размислување дека од мастите се дебелее, здравите масти како кокосово масло и оние кои се наоѓаат во авокадото, всушност ги топат килограмите , категорична е Синтија Паскал.

Хајди Клум

Heidi Klum Tesh Photoshoot for Marie Claire US February 2013 (1)

Тренерот на познатите Андреа Орбек и помогна на Хајди Клум да се вреати во одлична форма за шоуто на „Викрторија Сикрет“, кое се одржа само шест недели по раѓањето на првото дете на моделот.

– Хајди почна да вежба, штом доби зелено светло од лекар. Таа правеше кратки тренинзи додека бебето спиеше, се сеќава Андреа.

– Се е во интензитетот и ефикасноста, никој не вели дека треба да поминувате часови во салата. Одморете две минути, па трчајте пет, правете неколку серии вежби, а потоа пет минути брзо одење, дополнува Орбек. Андреа е категорична дека кратката, но ударна серија од вежби, придружена од кратки паузи, не само што е помалку напорна од долг тренинг, туку е многу поефикасна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top