| четврток, 6 декември 2018 |

Нова камера снима невидливи движења

Снимањето на невидливи движења може да послужи на инжинерите да откријат вибрации на разни градби.

Светот околу нас е во постојано движење, дури и предметите кои на прв поглед целосно се неподвижни. Истражувачите од Институтот во Масачусетс за технологијата користат специјални камери кои им нудат поглед во светот на невидливите движења.

На пример, винска чаша која е изложена на голема бучава вибрира иако изгледа дека е неподвижна. Меѓутоа, ако снимите движења со специјална камера со голема брзина, која може да фати илјада фрејмови по секунда и ако на компјутер ги зголемите вибрациите и ги уфрлите во видео материјалот, резултатите се спектакуларни. Со помош на т.н. микроскоп за движења, чашата изгледа како да е од желе.

– Микроскопот за движење е начин и малите движења кои се невидливи за око на снимка, да станат видливи.

Студент на докторски студии во Институтот во Масачусетс за технологијата МИТ, Нит Вадва снимили и засилил движења на лице, па јасно се гледа како крвниот притисок на еден човек се зголемува и се спушта со секое отчукување на срцето.

Вадва истакнува дека микроскопот за движење може да биде многу корисен за следење на важни движења, како што се движењето на бебе во стомакот или дишењето на новороденчето.

– Можете да направите монитор за виталните функции кој не бара контакт, значи ора да го закачите на лицето, но ќе може да го следите бројот на отчукувањата на срцето или брзината на дишењето – објаснува Вадва.

Тој вели дека снимањето на невидливите движења може да се примени и на други работи, на пример за помош на инжинерите да октријат вибрации на елементи на градби, па дури и на згради, на надвозници или кранови.

Гласот на Америка – Вашингтон

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top