| четврток, 6 декември 2018 |

Не може веќе да сте дебели на „Фејсбук“

Во опцијата за изразување на чувствата со емотикони на „Фејсбук“ (пример – се чувствувам весело, тажно, луто, благословено и сл.) веќе нема да може да се чувствувате дебело.

Членовите на групата наречена „Загрозени тела“ ја сметаат оваа опција за навредлива и дека промовира лош став на луѓето кон нивното тело. Поради ова, тие покренаа петиција на страната change.org во која побараа од „Фејсбук“ да ја тргне оваа икона од изборот при објавување на статусот. Петицијата била поддржана од доволно луѓе за да компанијата реши да ја тргне.

– Нашите корисници ни порачаа дека постоењето на „се чувствувам дебело“ („feeling fat”) како опција за статусните промени може да го засили негативното гледиште кон телото, посебно за лицата што се борат со нарушувања во исхраната – велат во своето соопштение од „Фејсбук“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top