| четврток, 6 декември 2018 |

Децата без родители му порачаа на Заев: Навредени сме и шокирани

Лидерот на опозицијата според нив никогаш претходно не ги споменувал, ниту се грижел за децата од оваа категорија. Токму тие се згрозени од вчерашниот говор на Заев и потврдуваат дека биле злоупотребени.

Момче кое е дете без родител вчера спо својот искрен Фејсбук статус упатен директно кон Заев ги запали социјалните мрежи.

fb-status-500

Згрозеност од обидот за вовлекување на децата без родители и родителска грижа во дневно политичка пресметка, и од нив да се градат било какви политички поени, денес изразија и од здружението „Градиме иднина“.

-Одговорно тврдам дека како здружение кое е секојдневно со децата без родители дека истите никогаш не биле вклучени во било какви нерегуларни изборни процеси, како што беше прикажано од страна на СДСМ. Тие сакаат да ги градат поените врз судбините на овие деца и тоа е за секој осуда. Таа манипулација е нечовечна, неморална и неетичка. Децата без родители се луѓе со чест и чист образ, не ја валкајте нивната чест. Здружението „Градиме иднина“ и јас како негов претседател како досега така и во иднина ќе се бориме за правата на децата без родители, истакна претседателот на Здружението Илија Јовановиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top