Во текот на минатата недела рускиот претседател Владимир Путин, објави намалување на својата плата за 10%, поради економската криза во земјата, по изречените меѓународни санкции.
Интересно прашање е колкави плати земаат светските лидери?
Еве рангирање по големината на годишната плата.
1. Барак Обама (САД) – 400 000 долари
2. Стивен Харпер (Канада) – 260 000 долари
3. Ангела Меркел (Германија) – 234 400 долари
Меркел и нејзините министри добиле зголемување на платата од 2,2% од почетокот на март.
4. Џејкоб Зума (ЈАР) – 223 500 долари
5. Дејвид Камерон (Велика Британија) – 214 800 долари
Премиерот на Велика Британија добива 142 500 фунти годишно. Ова ја вклучува и неговата плата од 67 060 фунти како член на парламентот.
6. Шинзо Абе (Јапонија) – 202 700 долари
7. Франсоа Оланд (Франција) – 194 300 долари
Претседателот на Франција ќе беше далеку погоре во рангирањето, ако не си ја намалеше плата за 30%, кога ја презеде функцијата во 2012 година. Без намалувањето неговата плата ќе изнесуваше 274 522 долари и ќе беше втор по Обама.
8. Владимир Путин (Русија) – 136 000 долари
Освен намалување за 10%, негативен фактор врз платата на Путин, покажа и поевтинувањето на рубљата во однос на доларот. Некои пазарни набљудувачи, богатството на Путин го проценуваат на 200 милијарди долари, што би го направило најбогатиот човек во светот.
9. Матео Ренци ( Италија ) – 124 600 долари
10. Дилма Русеф ( Бразил ) – 120 000 долари
11. Нарендра Моди ( Индија ) – 30 300 долари
12. Кси Џинпинг (Кина) – 22 000 долари
Иако е лидер на втората по големина светска економија, платата на кинескиот претседател е меѓу најниските, дури и покрај нејзиниот пораст за 60% од почетокот на оваа година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.














