| четврток, 6 декември 2018 |

Избрани дела во десет тома од академик Блаже Ристовски

„Матица македонска“ деновиве ги објави избраните дела од академик Блаже Ристовски. Во колекцијата од десет тома на повеќе од осум илјади страници, познатиот научник пишува за круцијални теми од македонската историографија, литература, публицистика и македонскиот фолклор, но и за политички настани и теми што се одвивале на нашиот етнокултурен простор во минатото, сè до денес.

Во поговорот под наслов „Живот и дело посветени на Македонија“, поетот и литературен критичар Раде Силјан констатира: „Блаже Ристовски како верен и доследен следбеник на Мисирковите идеи се придржува на фактите и во својата научно-истражувачка работа секогаш поаѓа од нивната изворност, автентичност и непорекливост. Во исклучително плодните творечки години тој темелно го истражува и научно ги согледува централните пројави во нашата историја: словенската писменост и христијанизацијата,  државните формации во Македонија во средновековјето, почетоците и развојот на преродбенскиот процес и борбата за обнова на Охридската архиепископија.“

 

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top