| четврток, 6 декември 2018 |

Се степале Наоми Кемпбел и Кара Делевињ

Светски познатата манекенка Наоми Кемпбел и нејзината помлада колешка Кара Делевињ се степале на забава организирана во рамките на Модната недела во Париз. Наводно тие се скарале поради Ријана, која е нивна заедничка пријателка.

Наоми ја обвини Кара дека зборува грдо за Ријана и почна да ѝ вика. Потоа почнаа да се буткаат, а Кара ја повлече Наоми за коса – вели присутен на настанот за „Њујорк пост“.

Наоми на „Твитер“ ги демантираше гласините дека имало туркање меѓу неа и младата Кара.

Не знам од каде ви е тоа дека Кара и јас сме се степале! Тоа не е вистина, игнорирајте ги овие нагаѓања – напиша Наоми.

Менаџерот на Делевињ задолжен за односите со јавност изјави дека Кара се обидела да побегне од Наоми бидејќи била збунета поради таквиот инцидент, а инаку нема никаков проблем со Ријана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top