Велика Британија ќе се претвори во Северна Кореја во Европа доколку ја напушти Европската унија и остане без пријатели или влијание, изјави поранешниот премиер Гордон Браун за весникот „Гардијан“.
Браун изјави дека Велика Британија е на пат да ја стигне Германија, како најмоќна економија во Европа во следната деценија, но тоа би било загрозено со евентуално напуштање на ЕУ. Сегашната позиција на премиерот Дејвид Камерон „половина внатре, половина надвор“ го слабее влијанието на земјата за меѓународните прашања, смета Браун.
– Ние треба да ја кажеме вистината за трите милиони работни места, 25 илјади фирми, годишниот извоз од 200 милијарди британски фунти, приливот на инвестиции од 450 милијарди, поврзани со Европа.
– И треба да објасниме дека активности слични на она што се случи со Хонг Конг, да заминеме од Европа, за да се приклучиме кон светот, значат да се претвориме во Северна Кореја, без пријатели, без никакво влијание, без никаква нова трговија и без речиси никакви нови ивестиции – вели Браун.
Премиерот Дејвид Камерон вети дека ќе спроведе влезен референдум за членството на Велика Британија во ЕУ до крајот на 2017 година, доколку неговата Конзервативна партија победи на изборите на 7 мај оваа година. Излегувањето на земјата од ЕУ е поддржана и од UKIP, британската Партија на независноста.
Лабуристичката партија на Браун, кој има блиски резултати во предизборните анкети со Конзервативците, изјави дека нема да понуди таков референдум, освен ако не се случи значајна промена на законските овластувања, кои му даваат повеќе права на Брисел отколку на британската влада.
Анкетата во последниот месец во Велика Британија покажа дека поддршката за останувањето на земјата во ЕУ е на највисоко ниво за последните четири години, со 45% „за“ и 35% против членството во ЕУ.
Гордон Браун беше премиер на Велика Британија од 2007 до 2010 година кога лабуристите ги загубија парламентарните избори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.