| четврток, 6 декември 2018 |

Сексистичко упатство: Дајте и го на жената, тоа е нејзина работа

seksisticka etiketa

Индонезиски спортски бренд се најде во центар на скандал поради сексистички текст на етикетата на нивната облека.

Компанијата „Салво Спортс Апарел“, една од водечките во сферата на спортот напишала на етикетата на која е упатството за перење на облеката „Дајте го на својата жена, тоа е нејзина работа“.

Откако јавноста бурно реагирала на ова, тие се извиниле со изјавата дека се погрешно интерпретирани.

-Пораката е едноставна, наместо да го исперете на погрешен начин, можеби е подобро да го дадете на својата жена која подобро се разбира во тоа. Жените за тие работи се едноставно подобри од мажите -, пишувало во соопштението.

Тие изјавиле дека спорните етикети ќе се променат.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top