| четврток, 6 декември 2018 |

Нова колекција на Кнез за пет години „Драма“ (ФОТО)

Drama - The Dream 6

Капсулната колекција на Ивана Кнез беше он-лајн презентирана на www.ivanaknez.com. Со оваа единствена и несекојдневна промоција артистот и креатор, Ивана Кнез одбележа пет години постоење на Драма Студио. Виртуелната промоција е само концепциско продолжение на стилскиот израз и изборот на нови и екcпериментални 3Д материјали за висока мода.

Drama - The Dream 2

Новата Драма приказна е работена со пластика, полиестер, уникатни везови во умерени форми, со природен тек, а боите се во духот на иднината, минимал пристап, транспарентност, метални отсјаи, чистина. Модел за колекцијата е Ангелина Еулер, која го долови точно тоа што е потребно за истата. Колекцијата “The Dream“ е во развој и ќе биде надополнувана и проширувана.

Drama - The Dream 3

„Колекцијата ја започнав точно пред пет години од самите почетоци на Драма. Како тема мислам дека неизмерно ќе ја користам и во идни креации и како тенденција сакам да ја развивам се додека има можност за експресија. Го поставив прашањето „Дали андроидите можат да се заљубат?“, и со креациите ќе го барам одговорот. Тоа е мојот сон, личен сон и преокупација”, вели модниот дизајнер, Ивана Кнез.

Drama - The Dream 4

За комплетниот изглед на целата колекција на Драма Студио придонесоа,  Бојан од Студио ИН, фризура и Небојша Пешевски, шминка. Сензибилитетот и визијата во фотографијата и овој пат беа пренесени од постојаниот соработник, Жарко Чулиќ.

Drama - The Dream 5

Капсулната 3Д колекција беше специјално зачинета со макаронс колачињата од Marfi Cake and bakery, што на виралната промоција ѝ дадоа нова димензија на медиумот, вкус и мирис.

Drama - The Dream 8 Drama - The Dream 9 Drama - The Dream

Ивана Кнез во иднина ќе експериментира со материјали, ќе се поигрува со тенденции и наскоро ќе изненади со модна ревија.

Drama - The Dream 7

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top