| четврток, 6 декември 2018 |

Анархистите мирно го напуштија седиштето на СИРИЗА

Групата анархисти што го окупираа седиштето на СИРИЗА го завршија својот протест кратко по полноќ, без да предизвикаат материјална штета или тензии.

Околу 50 анархисти вчера влегоа во седиштето на СИРИЗА и закачија банери на кои бараа укинување на затворите со максимално обезбедување, ослободување на Савас Ксирос, кој издржува доживотна казна затвор како член на терористичката група „17 Ноември“, како и на пријателите и роднините на групата „Заговор на келиите на огнот“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top