| четврток, 6 декември 2018 |

Крај на дождот, температурата до осум степени

soncevo

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, во крајниот југоисточен дел можен е краткотраен локален дожд, а на планините снег. Ќе дува слаб доумерен ветер претежно од северен правец. Температурата ќе се движи од два до осум степени.

Во Скопје слично време со температура до седум степени.

Во вторник ќе биде сончево со мала облачност, а од среда повторно се очекува променливо облачно со повремен дожд, и снег на планините. Врнежите ќе бидат во источните и западните делови на земјата. Мало намалување на температурите од околу два до три степени ќе има во четврток. Кон следниот викенд температурите повторно благо ќе растат и времето ќе биде без врнежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top