Екипата на Наполи на Сан Паоло пропушти шанса да и се доближи на Рома на само два бода одигрувајќи само 2-2 со Интер.
По првиот дел Наполи преку Игуаин не искористи неколку сериозни шанси за гол, па на паузата се отиде со резултат 0-0.
Во вториот дел беа постигнати дури четири гола. Наполитанците по само 15 минути игра поведоа со 2-0 со головите на Хамшик и Игуаин и се чинеше дека лесно ќе дојдат до трите бода. Сепак избраниците на Роберто Манчини не се предадоа, ја преземаа иницијативата и најпривин Преку Паласио по една мешаница во казнетиот простор намалија на 2-1 во 72 минута. Во самиот финиш на натпреварот Икарди со прекрасна „паненка“ од пенал успеа да го измрани резултатот и да освои бод за својата екипа.
Napoli vs Inter 2-2 All Goals & Highlights… by EarthSavi
Ова беше дури шести дуел во Серија А во 26.коло кој заврши со поделба на бодовите.
Победи успеаја да остварат само Сампдорија и Удинезе.
Утре се играат последните два натпревари меѓу Јувентус – Сасуоло и Лацио – Фиорентина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)