Неколку дена пред официјалната презентација на редизајнираниот „ситроен ДС5“, која треба да се одржи на 3 март, непосредно пред Саемот за автомобили во Женева, француската автомобилска компанија „Ситроен“, која е под капата на концернот ПСА, официјално ги објави фотографиите од редизајнираниот ДС5, кој е во модра боја.
Обновениот француски модел со задна врата од премиум сегментот доби редизајниран преден дел со нова решетка за ладилникот и ДС знак во централниот дел, а од страна се наоѓаат ксенонски светилки со ЛЕД изведба, базирани на тие што ги има ДС3. На задниот дел од автомобилот се редизајнираните светилки и две издувни цевки со хромирани завршетоци.
Во внатрешноста се наоѓа нов мултимедијален систем кој заменува дури 12 аналогни копчиња. Се работи за нова технологија која ја усоврши „Ситроен“ и која овозможува прикажување на содржината на паметните телефони на екранот во боја осетлив на допир.
Во предните седишта се вградени масажери и грејачи, а постои опција и да се меморира и положбата на седење на различни возачи. Освен тоа, автомобилот поседува и систем за влез и за палење без употреба на клуч, амбиентално осветлување, електромеханички внатрешен ретровизор, аудиосистем „денон“ и двозонски клима-уред.
Редизајнираниот ДС5 доби систем за предупредување при „мртов агол“, систем за предупредување за напуштање на патеката, систем за автоматски долги светла, систем за контрола на траекторијата и систем за помош при возење во угорнина. Во автомобилот е вградена и камера за гледање назад, приспособливи фарови и контрола на сигурноста.
Кога станува збор за моторите што ќе бидат вградени во ДС5, „Ситроен“ најави сосема нови модели вклучувајќи го и бензинскиот ТХО 165, кој испорачува 165 коњски сили, со обртен момент од 240 њутн-метри. Силата се пренесува на предната оска преку подобрениот шестстепен автоматски менувач.
ДС5 ќе биде понуден со два дизелски агрегати. Едниот мотор е со моќност од 120 коњски сили, со 300 њутн-метри и е достапен со шестстепен мануелен или автоматски менувач, а другиот развива 180 коњски сили, со обртен момент од 400 њутн-метри и ќе се нуди исклучиво со автоматски менувач.
Палетата на мотори ќе биде проширена и со хибридна верзија на дизелски и на електричен мотор, која ќе ја сочинуваат 2,0 литри турбодизел со 163 коњски сили и електричен мотор со 37 коњски сили.
Обновената верзија на ДС5 се очекува да биде една од главните ѕвезди на Саемот за автомобили во Женева, а првите примероци ќе излезат од производствените ленти на почетокот на ова лето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст