| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба на макети во Дом на АРМ

На изложбата може да се видат макети и диорами на членовите на Макетарскиот клуб „Скопје“ и од странски гости, а има информации и околу самите макети и начинот на изработка. Изложбата ќе трае до 7 март кога ќе има свечено доделување дипломи и признанија.

Макетарскиот клуб „Скопје“ е прв од овој вид во нашата држава, неговата основна цел е промоција на макетарското хоби како и подигнување на техничката култура. На изложбата ќе учествуваат и Томислав Краљ, макетар од Хрватска, бродомоделарскиот клуб „Панон“ од Панчево, Србија, членови на макетарскиот клуб од Софија, Бугарија. Клубот како свои гости ги покани да учествуваат и Димитар Делев (фигури Warhammer 40k) и Симон Калајџиев (gundam модели).

Изложбата ја отвори командантот на военото воздухопловство, полковникот Кире Колевски, a влезот е слободен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top