| четврток, 6 декември 2018 |

„Алфите“ го фатија скопјанецот што се обиде да си ја убие сопругата во Тафталиџе

Единицата за прв одговор и интервенција „Алфа“ го приведе 50-годишниот скопјанец Д.Б. кој вчера ја претепа својата сопруга и потоа го напушти местото. 

Повредената Е.Б.(46) вчера била донесена во Ургентен центар Скопје откако утрово околу 7 часот на ул. „Московска“ во скопската населба Тафталиџе била физички нападната од сопругот, кој со метална цевка ѝ нанел тешки телесни повреди  и го напуштил местото на настанот.

По преземени мерки, Д.Б. е приведен, а СВР Скопје поднесе кривична пријава за него поради основано сомнение дека сторил кривично дело убиство во обид.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top