Нелогичности, чудни одговори, демантирање на самиот себе – уште едно вообичаено издание на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во синоќешното интервју за ТВ „Телма“.
Иако неколку пати се обиде да манипулира, Заев, конечно, потврди дека шифрираните пораки се дел од комуникацијата меѓу синот и сопругата на Зоран Верушевски. Сепак, лидерот на СДСМ не доби прашање, па јавноста остана без одговор – зошто семејството Верушевски комуницира со шифрирани пораки ако не прави ништо што е спротивно на законот.
Интересна е и содржината на пораките кои беа објавени во медиумите.
Заев самиот кажа дека ја користел стручната помош од Верушевски и дека за тоа ексразузнавачот заслужува и компјутер и автомобил од него. Имајќи ја предвид пораката која беше дешифрирана, се поставува прашањето, како тој би „го продолжил бизнисот“ со неговиот син, имајќи предвид дека тој е далеку од стручен во областа за која лидерот на СДСМ тврди дека го ангажирал ексдиректорот на ДБК. Интересно е што за малиот Верушeвски, „бомбата“ на Заев е само бизнис.
Друг интересен момент е фактот што Заев призна дека планирал да му купи автомобил на Верушевски за да може да побегне од Македонија. Заев изјави дека доколку успеел планот за извлекување на Верушевски од Македонија, тогаш ќе му бил потребен нов автомобил бидјеќи тој што го има бил стар. Се поставува прашањето зошто некој кој не прави ништо што е спротивно на законот, би требало да побегне од Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст