Леонид Наков, Владимир Милчин, Зоран Бојаровски се дел од највисоките органи на управување на МРТВ во 2008та кога се склучува матна зделка за набавка на нефункционална опрема без тендер, на незаконски начин.
МРТВ го загуби судскиот спор со словенечката компанија ТСЕ. Сега Јавното претрпријатие треба да плати околу 1, 5 милион евра отштета. Станува збор за набавка од 2008 година со која се купуваат студиски системи во директна спогодба, без тендер по цена од 475 илјади евра. За купување на опремата дополнително е отстапено и рекламно време во вредност од 237 илјади евра. Договорот е реализиран без согласност на Бирото за јавни набавки.
Како се реализира оваа матна зделка која раковоствто одлучува да ја спроведе спротивно на законот, на насоките на Бирото за јавни набавки и мислењето на стручниот колегуим и инжинерите во МТВ кои смеетаат дека опремата е непотребна и прескапа за Јавното претрпријатие?
Прв човек на Управниот одбор на МРТВ во тоа време е Леонид Наков, член на Централниот обор на СДСМ.
Со Советот на МРТВ во тоа време раководи двоецот Зоран Бојаровски – Владимир Милчин.
Освен Наков кој е претседател на Управниот одбор, во него членуваат уште Соња Чижбановска, Тренчо Миленковски, Зеќир Селими и Агим Мехмети. Во Советот со кој ракови Бојаровски, освен Милчин членуваат и Кираца Трајковска, Драгољуб Лазов и други.
На 57 седница на Управниот одбор одржана на 26 мај 2008 година со продолжение на 11 јуни донесена е одлука за давање согласност за склучување договор за купопродажба на студиски системи од словенечката компанија ТСЕ.
Со оваа одлука Управниот одбор под раководство на Наков им дава зелено светло на Извршните директори без тендер да склучат договор со словенечката компанија ТСЕ и во директна спогодба да набават опрема вредна 712 илјади евра, купена на четврта аукција.
Опремата освен што е набавена незаконски, спротивно на насоките од Бирото за јавни набавки кое го задолжува Јавното претрпријатие за распишување тендери при склучување зделки е и непотребна. Стручниот колегиум на МРТВ и инжинерите во куќата писмено се изјаснуваат дека опремата е нефукционална и дека нејзината реална пазарна вредност е далеку под цената што МРТВ ќе ја плати согласно договорот.
За сето ова МТВ располага со документација која е приложена во ревизијата доставена и до Врховниот Суд со која се жали против пресудата на Апелациониот суд. Доставен е и дописот од Бирото за јавни набавки според кој Јавното претпријатие има обврска да купува опрема на тендер.
Една од најголемите загатки во оваа сомнителна зделка е зошто Наков како прв човек на највисокиот орган на МРТВ дозволил набавка на опрема во четири очи?
Втората дилема е зошто тоа го премолчеле Бојаровски и Милчин како први луѓе во телото кое го избира составот на Управниот одбор и ја контролира неговата работа?
Дали зад овие неодговорени прашања се кријат лични интереси на тогашните први луѓе во Јавното претпријатие или пак станува збор за нешто друго?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МРТ ги обезбеди правата за пренос на СП во ракомет
-
И соросоидите се освестија од кога отиде името: Никакви мајмунлаци не прифаќам освен Македонски јазик и Македонци!
-
Хистерија во Топ тема: Соросовите послушници не дозволуваат да му се спомне името на Милчин (ВИДЕО)
-
Наградата од УЧК за Милчин ги запали социјалните мрежи – Како не ти е срам?