| четврток, 6 декември 2018 |

Ново мини-комби за седум патници

Ба­вар­ска­та ком­па­ни­ја БМВ го прет­ста­ви но­во­то ми­ни-ком­би, кое има по­гон на пред­ни­те тр­ка­ла и мо­же да со­бе­ре се­дум пат­ни­ци

Прет­ста­вен ка­ко прв свет­ски пре­ми­ум мо­дел што ну­ди се­дум се­ди­шта, „БМВ се­ри­ја 2 гран ту­рер“ (BMW Seria 2 Gran Tourer), всуш­ност, е по­го­ле­ма вер­зи­ја на „се­ри­ја 2 актив ту­рер“. Ка­ко ре­зул­тат на тоа, мо­де­лот има пре­поз­нат­лив ди­зајн, но до­би по­го­ле­ма зад­на вра­та за ба­гаж­ни­кот, ре­ди­зај­ни­ран за­ден дел и по­ви­сок по­крив.

Вна­треш­но­ста, исто та­ка, по­тсе­ту­ва на „се­ри­ја 2 актив ту­рер“, са­мо што мо­же да се до­би­јат и трет ред се­ди­шта, кои, ка­ко и кај по­ве­ќе­то мул­ти­функ­ци­о­нал­ни во­зи­ла, пред сè, се на­ме­не­ти за де­ца и мо­же да се скло­пат во по­дот.

BMW-2-Series-Gran-Tourer-004

„БМВ се­ри­ја 2 гран ту­рер“ има го­лем број пре­гра­ди и ме­сто за ли­чен ба­гаж во ка­би­на­та за да се за­до­во­лат по­тре­би­те на си­те се­дум пат­ни­ци. Нас­ло­нот во сред­ни­от ред се­ди­шта е де­лив во од­нос 40:20:40.
Овој авто­мо­бил е долг 4.556 ми­ли­ме­три, ши­рок 1.800 ми­ли­ме­три, а ви­сок 1.608 ми­ли­ме­три, што го пра­ви 214 ми­ли­ме­три по­долг и 53 ми­ли­ме­три по­ви­сок од „актив ту­рер“, на ко­го е ба­зи­ран. Со тоа по­рас­на и ме­ѓу­о­ски­но­то рас­то­ја­ние за 110 ми­ли­ме­три и се­га из­не­су­ва 2780 ми­ли­ме­три, со што, пак, се до­би­ва по­го­лем про­стор во ка­би­на­та и во ба­гаж­ни­кот. Вер­зи­ја­та со пет се­ди­шта до­би ба­гаж­ник од 645 до 805 ли­три, до­де­ка со со­би­ра­ње­то на зад­ни­те се­ди­шта се до­би­ва ба­гаж­ник од ду­ри 1.905 ли­три.

BMW-2-Series-Gran-Tourer-008

Во за­вис­ност од ни­во­то на опре­ма, „БМВ се­ри­ја 2 гран ту­рер“ е до­ста­пен во че­ти­ри па­ке­ти и тоа, адвентиџ, спорт лајн, лакшари и M спорт.

На ку­пу­ва­чи­те ќе им би­дат по­ну­де­ни бен­зин­ски и ди­зел­ски мо­то­ри, со три и со че­ти­ри ци­лин­дри.

Основните бензински модели се 216и, за кој сè уште нема информации, 218и со мотор со три цилиндри, со зафатнина од 1,5 литри со турбина кој произведува 136 коњски сили и моделот 220и со мотор од 2,0 литри со четири цилиндри кој развива 192 коњски сили.

BMW-2-Series-Gran-Tourer-007

Дизелските модели се застапени со моделите 216д, 218д и 220д x драјв. Најслабиот мотор е со зафатнина од 1,5 литри и 116 коњски сили. Во 218д е вграден мотор од 2,0 литри со 150 коњски сили, додека најсилната верзија 220д x драјв има мотор со четири цилиндри кој развива 190 коњски сили, а силата се пренесува на сите четири тркала преку осумстепен автоматски менувач. Сите останати модели стандардно се опремени со шестстепен мануелен менувач.

„БМВ се­ри­ја 2 гран ту­рер“ пре­ми­ер­но ќе би­де прет­ста­вен на Са­е­мот за авто­мо­би­ли во Же­не­ва, кој се одр­жу­ва след­ни­от ме­сец. То­гаш ќе би­дат поз­на­ти и по­че­то­кот на про­даж­ба­та и це­на­та, за ко­ја не­о­фи­ци­јал­но се спом­ну­ва де­ка ќе из­не­су­ва око­лу 30.000 евра за ос­нов­ни­от мо­дел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top