| четврток, 6 декември 2018 |

Дигитализирани добитниците на „Браќа Миладиновци“ на СВП

cede-

Дигиталната едиција на добитниците на наградата  „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата (СВП) ќе биде промовирана в среда, во 11 часот, во просториите на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје.
Станува збор за дигиталната едиција на 50 наслови од 39 автори, кои за својот поетски придонес се наградени со најпочитуваната и најпосакувана поетска награда во Република Македонија – наградата „Браќа Миладиновци“, за најдобра поетска книга меѓу две изданија на Струшките вечери на поезијата.
Промоцијата ќе биде збогатена со музичка изведба на Тони Арслан (виолина), Љупчо Трајановски (виола) и Дејан Цветковски (виолончело), како и со актерска интерпретација на Николина Кујача и Томе Витанов, кои ќе читаат стихови од наградените автори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top