| четврток, 6 декември 2018 |

Панче Мањифико: Живот исполнет со разновидна динамика

Пом­ла­ди­те, мо­же­би, во­оп­што не слуш­на­ле за ан­самб­лот што има одр­жа­но по­ве­ќе од 3.700 са­мо­стој­ни кон­цер­ти во по­ве­ќе од 30 зем­ји во све­тот, но по­ста­ри­те мно­гу до­бро ги па­ме­тат ху­ма­ни­тар­ци­те што на­пра­ви­ле 42 кон­цер­ти за на­стра­да­но­то Скоп­је во зем­јо­тре­сот во 1963 го­ди­на

Жи­вот ис­пол­нет со раз­но­вид­на ди­на­ми­ка… Ва­ка де­нес Пан­че Ко­чов­ски, еден од чле­но­ви­те на не­ко­гаш по­пу­лар­ни­те „Ма­њи­фи­ко“, ја опи­шу­ва сво­ја­та жи­вот­на при­каз­на. Пос­лед­ни­те го­ди­ни е пре­о­ку­пи­ран со соз­да­ва­ње­то кни­га по­све­те­на на овој ан­самбл, „Ма­њи­фи­ко – мит, ле­ген­да или ре­ал­ност“. Со за­до­волс­тво збо­ру­ва за „Ма­њи­фи­ко“, за па­ту­ва­ња­та, за пр­ви­те емо­ции кон сво­ја­та со­пру­га Не­вен­ка, за ра­ѓа­ње­то на две­те ќер­ки  Та­ња и Ли­ди­ја… Де­нес  се­којд­нев­но ужи­ва во про­ше­тки­те со сво­ја­та со­пру­га, и гор­до наг­ла­су­ва – 16 го­ди­ни сум пен­зи­о­нер, ни­ко­гаш не сум отс­пал поп­лад­не. Пом­ла­ди­те, мо­же­би, во­оп­што не слуш­на­ле за ан­самб­лот што има одр­жа­но по­ве­ќе од 3.700 са­мо­стој­ни кон­цер­ти во по­ве­ќе од 30 зем­ји во све­тот, со по­ве­ќе од 7.500.000 пуб­ли­ка, но по­ста­ри­те мно­гу до­бро ги па­ме­тат ху­ма­ни­тар­ци­те што на­пра­ви­ле 42 кон­цер­ти за на­стра­да­но­то Скоп­је во зем­јо­тре­сот во 1963 го­ди­на.

manjikifo03

До­де­ка раз­го­ва­рав­ме со Ко­чов­ски, ја разг­ле­ду­вав ра­бот­на­та вер­зи­ја на кни­га­та.

„Ово­зем­ни­от чо­веч­ки жи­вот има смис­ла са­мо ко­га се има чув­ство де­ка сме не­ко­му по­треб­ни и де­ка не­кои нам ни се по­треб­ни“, е мис­ла­та што е на­пи­ша­на на пр­ва­та стра­ни­ца, под ко­ја стои пот­пи­сот на Ко­чов­ски.

Од гру­па за ак­ции до свет­ска сла­ва

Се на­вра­тив­ме го­ди­ни на­на­зад, то­гаш ко­га прв­пат е фор­ми­ран „Ма­њи­фи­ко“. То­гаш Ко­чов­ски имал не­пол­ни 18 го­ди­ни.

– Тоа вре­ме бе­ше по­пу­лар­на ла­тин­ска­та му­зи­ка во ед­на по­и­на­ква, ка­мер­на фор­ма, из­ве­ду­ва­на од трио, квар­тет, квин­тет… То­гаш има­ше ра­бот­ни ак­ции, на кои има­ше и за­бав­на про­гра­ма. Се ро­ди иде­ја со Кр­сто Та­у­ша­нов, кој бе­ше со­лист на ги­та­ра и во­кал­на при­друж­ба, да се вклу­чи­ме во тој за­ба­вен дел. Са­кав­ме да на­пра­ви­ме трио. Ни тре­ба­ше трет чо­век, кој слу­чај­но го про­нај­дов­ме, уче­ник во Умет­нич­ко учи­ли­ште Сер­геј По­пов­ски, кој бе­ше ги­та­рист и во­кал. На­пра­вив­ме две пес­ни, „Пес­на за Ар­ген­ти­на“, и пес­на­та од бра­зил­ски­от филм „Бун­тов­ник“, „Оле му­ље рен­де­ра“ или во пре­вод „Уба­ва­та же­на“. На при­ред­ба­та при­сус­тву­ваа око­лу 900 лу­ѓе.  Бе­ше ин­те­рес­но ка­ко таа пуб­ли­ка ја при­ми му­зи­ка­та из­ве­де­на од нас – се при­се­ту­ва поз­на­ти­от му­зи­чар, кој со „Ма­њи­фи­ко“ го осво­ју­ва­ше све­тот.

По­доц­на Сер­геј ја на­пу­штил гру­па­та по­ра­ди обра­зо­ва­ние. Им се при­дру­жил Ди­ми­тар То­мов, кој бил до­бар во­кал, а сви­рел на ри­там ги­та­ра и на уди­рал­ки. Се на­мет­на­ла по­тре­ба­та од жен­ски во­кал. Ко­чов­ски со­се­ма слу­чај­но ја про­на­шол Не­вен­ка, ко­ја по­доц­на му ста­на­ла и со­пру­га.

– Ја про­нај­дов со­се­ма слу­чај­но. Ра­бо­тев­ме мно­гу тој пер­и­од, по се­дум-осум ча­са днев­но. Мо­рав­ме да вклу­чи­ме и сцен­ски еле­мен­ти и це­ло вре­ме  да би­де­ме нас­ме­а­ни ка­ко Јо­ван­ка Броз. Пуб­ли­ка­та не ба­ра на­мур­те­ни лу­ѓе – рас­ка­жу­ва Ко­чов­ски.

Ка­ко пет­ти чо­век во ан­самб­лот се вклу­чил Бо­рис Ни­за­мов­ски, кој имал ор­га­ни­за­тор­ска функ­ци­ја и ре­чи­си це­ли­от пер­и­од ус­пеш­но го ме­на­џи­рал „Ма­њи­фи­ко“. Ко­чов­ски ве­ли, без ме­на­џер не се ра­бо­ти. Спо­ред не­го, ова е нај­до­бри­от ме­на­џер со кој не­ма­ло вле­гу­ва­ње во не­ко­ја аген­ци­ја без да се на­пра­ви до­го­вор.  Во 31 го­ди­на ра­бо­те­ње, „Ма­њи­фи­ко“ тр­пел про­ме­ни, пред сѐ по­ра­ди об­вр­ски­те со слу­же­ње во­ен рок. Си­те во раз­лич­но вре­ме слу­же­ле вој­ска и се ба­ра­ла со­од­вет­на за­ме­на. Има­ле ду­ри и чле­но­ви од Ла­тин­ска Аме­ри­ка во ан­самб­лот во 1965 го­ди­на и во 1966 го­ди­на. „Ма­њи­фи­ко“ во сво­јот пер­и­од на ег­зи­сти­ра­ње имал осум по­ста­ви.

Невенка и Панче Кочовски со ќерките Тања и Лидија, зетот и внуците

Невенка и Панче Кочовски со ќерките Тања и Лидија, зетот и внуците

Ка­ко Не­ве­на ста­на Ко­чов­ска

Се на­мет­на пра­ша­ње­то – ка­ко Не­ве­на ста­на Ко­чов­ска. Пан­че ве­ли на по­че­то­кот би­ле са­мо ко­ле­ги и при­ја­те­ли, ка­ко со си­те дру­ги чле­но­ви на „Ма­њи­фи­ко“.

– Пр­ви­те две го­ди­ни сѐ бе­ше нор­мал­но, се по­чи­ту­вав­ме, по­ма­гав­ме, но не­ма­ше не­кои по­го­ле­ми чув­ства. Не­ве­на ду­ри ка­ко при­ја­тел­ка ми пра­ве­ше друш­тво до­де­ка да ми дој­де де­вој­ка­та, па ја ис­пра­ќав­ме за да не оди са­ма до до­ма. Бев­ме дру­га­ри. Одед­наш про­ра­бо­ти­ја тие бра­но­ви дол­жи­ни. Во ист мо­мент се по­ја­ви­ја не­кои сим­па­тии. 1964 го­ди­на на 11 октом­ври ве­ќе ста­пив­ме во брак. Имав­ме и има­ме сре­ќен брак, по­ми­нав­ме се­ка­кви мо­мен­ти. Има по­чит и раз­би­ра­ње – рас­ка­жу­ва на­ши­от со­го­вор­ник.

Пр­ви­от кон­церт

Ко­га ќе вле­зе­те во еден ви­тел, те­кот ве во­ди. Се слу­чу­ва­ат мно­гу пред­ви­де­ни и не­пред­ви­де­ни ра­бо­ти. Тоа се слу­чу­ва­ло и со „Ма­њи­фи­ко“, ан­самбл што имал сво­ја стра­те­ги­ја.

– Ра­бо­тев­ме мно­гу про­фе­си­о­нал­но. Вие мо­же­те да има­те не­кол­ку ге­ни­јал­ни му­зи­ча­ри, но ка­ко ко­ле­кти­вен звук да не­ма­те ни­што. Без про­би не­ма ус­пех. Тоа ние го сфа­тив­ме уште на са­ми­от по­че­ток. Во не­кои зем­ји имав­ме кон­цер­ти и по де­се­ти­на па­ти. Не се чув­ству­вав­ме ка­ко стран­ци во Ита­ли­ја, Ав­стри­ја, Гер­ма­ни­ја, зем­ји­те од Ју­гос­ла­ви­ја… Ре­а­ли­зи­рав­ме по­ве­ќе тур­неи во пре­ку­о­ке­ан­ски­те зем­ји, бу­квал­но на си­те кон­ти­нен­ти во све­тот. Во сво­јот ра­бо­тен век од 31 го­ди­на имам ре­а­ли­зи­ра­но по­ве­ќе од 140 пол­ча­сов­ни или ед­но­ча­сов­ни ТВ-еми­сии во 40-ти­на цен­три низ Евро­па и све­тот. Три­те ЛП пло­чи и две­те ка­се­ти ни се из­да­де­ни во „Ами­га“ Бер­лин. То­гаш­на­та тех­ни­ка не бе­ше ни приб­лиж­но на ова ни­во. Не знам ка­ко пе­е­те вие и да­ли има­те слух за му­зи­ка, но га­ран­ти­рам де­ка со 3.000 евра од вас де­нес ќе на­пра­вам пе­јач­ка. Тех­ни­ка­та го овоз­мо­жу­ва тоа. То­гаш де­ве­де­сет про­цен­ти бе­ше пре­пу­ште­но на из­ве­ду­ва­чот, без раз­ли­ка кој жанр се ин­тер­пре­ти­ра– ве­ли Ко­чов­ски.

manjikifo05

Пр­ви­от це­ло­ве­че­рен кон­церт во Скоп­је го одр­жа­ле на 17 фе­вру­а­ри 1962 го­ди­на во до­мот „Ко­чо Ра­цин“, спро­ти  До­мот на гра­деж­ни­ци. Пр­ви­от кон­церт над­вор од Скоп­је го одр­жа­ле на пла­то­то на то­гаш­ни­от хо­тел „Га­леб“ во Стру­га. А пр­ви­от кон­церт над­вор од Ма­ке­до­ни­ја во „Неп­кер те­а­тар“  во Су­бо­ти­ца. Пр­ви­от кон­церт над­вор од Ју­гос­ла­ви­ја им бил во Еги­пет. Го­ле­ми ско­ко­ви за са­мо ед­на го­ди­на. По ова „Ма­њи­фи­ко“ одел сѐ по­да­ле­ку и по­да­ле­ку. На­ста­пу­ва­ле со свет­ски и со европ­ски ѕвез­ди, ка­ко двој­ни­от по­бед­ник на „Сан Ре­мо“, То­ни Да­ла­ра, Ри­та Па­во­не, Ни­ни Ро­со, То­ни Ре­нис…

-Де­нес е не­по­им­ли­во тур­не­ја од три ме­се­ци. Сѐ е пов­ле­че­но во сопс­тве­ни на­ци­о­нал­ни рам­ки. По­го­лем Ма­ке­до­нец од ме­не не­ма и, се­ка­ко, од тие од „Ма­њи­фи­ко“. На­пра­вив­ме мно­гу кон­цер­ти во до­бро­твор­ни це­ли. При­хо­дот од по­ве­ќе од 200 кон­цер­ти оде­ше во Ма­ке­до­ни­ја или пе­ев­ме ту­ка без хо­но­ра­ри, ка­ко по­да­рок. По­ве­ќе од 200.000 то­гаш­ни мар­ки се да­де­ни за Скоп­је.  На 25-го­диш­ни­от ју­би­леј, 1984 го­ди­на, еден но­ви­нар по­ста­ви пра­ша­ње за ста­ту­сот на ка­пи­тал… „Ма­њи­фи­ко“ не би оп­ста­нал да го не­ма­ше тој ка­пи­тал. Но, не е за­до­волс­тво са­мо ма­те­ри­јал­но­то.  Има мо­мен­ти што не мо­жат да се на­до­ме­стат со ма­те­ри­јал­ни средс­тва, ка­ко сред­би­те со одре­де­ни лич­но­сти. Му ре­ков де­ка се­кој од нас за да го ви­ди се­то тоа што го ви­дов­ме ние низ све­тот низ го­ди­ни­те со тур­не­и­те тре­ба да изд­вои по нај­мал­ку еден ми­ли­он и две­сте ил­ја­ди до­ла­ри. Нам ова ни бе­ше пла­те­но, а во­ед­но и из­вр­шив­ме ед­на ми­си­ја, афир­ма­ци­ја на на­ша­та зем­ја – ве­ли Ко­чов­ски.

 Ло­ши­те мо­мен­ти со „Ма­њи­фи­ко“

Вр­теј­ќи ги ма­те­ри­ја­ли­те за но­ва­та кни­га на­и­дов на при­каз­на­та за ло­ши­от лет со ави­он, ка­ко и ужас­на­та при­каз­на за зем­јо­тре­сот.  За тоа Ко­чов­ски ве­ли де­ка е ед­на од нај­ло­ши­те ра­бо­ти што се слу­чи­ле.

– Це­ла Ју­гос­ла­ви­ја бе­ше во еден го­лем тра­ур. То­гаш се ви­де кол­ку сме со­ли­дар­ни… Се­дум лу­ѓе од мо­е­то се­мејс­тво за­ги­наа. Се од­ло­жи из­бо­рот за Мис на Ју­гос­ла­ви­ја, а по­тоа си­те па­ри од тоа одеа за Скоп­је – до­да­ва тој.

То­гаш поч­наа се­ќа­ва­ња­та за не­га­тив­ни­те мо­мен­ти. Ко­чов­ски се по­тсе­ту­ва ко­га ма­леч­ка­та Та­ња, де­нес  поз­на­та актер­ка и пе­јач­ка со врв­ни гла­сов­ни ква­ли­те­ти, им ја до­не­ле во Сплит. Ја оста­ви­ле ко­га има­ла са­мо шест ме­се­ци, во пе­ле­ни… Им ја до­не­ле во фу­стан­че.

Па­ро­ди­ја­та при­фа­те­на од пуб­ли­ка­та

То­гаш­ни­от пре­тсе­да­тел на Ме­кси­ко, Ло­пез Ма­те­ос, не ве­ру­вал де­ка „Ма­њи­фи­ко“ е од Ма­ке­до­ни­ја. Иа­ко во про­гра­ма­та пи­шу­ва­ло Скоп­је, му би­ло чуд­но што ан­самб­лот имал ме­кси­кан­ски ком­по­зи­ции.

– Го пра­шал Ти­то – од ка­де е овој ан­самбл. До­се­га не сум слуш­нал за нив во Ла­тин­ска Аме­ри­ка. Ти­то му од­го­во­рил де­ка не ни мо­жел да слуш­не за­тоа што „Ма­њи­фи­ко“ до­то­гаш не го­сту­вал во Ме­кси­ко. Ло­пез Ма­те­ос се за­чу­дил. Ти­то му об­јас­нил де­ка оваа гру­па по­тек­ну­ва од  „ед­на на­ша јуж­на по­кра­и­на – Ма­ке­до­ни­ја“.  Зна­е­те ли кол­ку тоа е зна­чај­но – се по­тсе­ту­ва Ко­чов­ски.

Пан­че се по­тсе­ту­ва на нив­ни­от Пе­ро Га­лев, нај­го­ле­ми­от шар­мер на сце­на, кој од ед­на си­ту­а­ци­ја пра­вел те­а­тар­ска прет­ста­ва.

– Имав­ме го­лем кон­церт во Ита­ли­ја, во Уди­не. Оти­дов­ме на ве­че­ра во ед­на ин­те­рес­на лет­на гра­ди­на. Има­ше ѕит­че со оние ме­ди­те­ран ќе­ра­ми­ди. Ние се­дев­ме вед­наш до ѕит­че­то. Ни до­не­соа пор­ци­ја со ме­со. Ед­на мач­ка за­ста­на на тоа ѕит­че, кое не бе­ше по­ви­со­ко од еден ме­тар. Пе­ро го зе­ма ме­со­то, ед­ни­от крај ѝ го по­да­де на мач­ка­та, дру­ги­от го др­же­ше. Мач­ка­та ќе пов­ле­че, Пе­ро ќе по­пу­шти, Пе­ро  ќе пов­ле­че, мач­ка­та ќе да­де от­пор. Си­те пре­ста­наа да ве­че­ра­ат и ги гле­даа Пе­ро и мач­ка­та. Ја гле­даа прет­ста­ва­та. Ед­но вре­ме Пе­ро ѝ доз­во­ли на мач­ка­та да го граб­на ме­со­то и таа из­бе­га, а Пе­ро ста­на и се пок­ло­ни ка­ко да е пред нај­го­лем ау­ди­то­ри­ум. И та­ка, ка­ко што бе­ше ве­сел и нас­ме­ан ја зе­де чи­ни­ја­та и ја по­ка­жа на си­те со на­та­жен лик – што да ја­дам се­га јас. Сопс­тве­ни­кот на ре­сто­ра­нот го по­че­сти две го­ле­ми пар­чи­ња ме­со – рас­ка­жу­ва на­ши­от со­го­вор­ник.

Се при­се­ти на уште ед­на анег­до­та со Пе­ро. Овој пат, во Цр­на Го­ра. Са­ла­та би­ла пол­на.

– Дој­де ед­но мом­че да ѝ по­да­ри цве­ќе на Не­ве­на. Ја бак­на. По­тоа се ка­чи пак, се­га со еден цвет.  И во мо­мен­тот ко­га да ја бак­не Не­ве­на, се на­ме­сти Пе­ро.  А, во ме­ѓу­вре­ме, из­ва­ди и еден цвет од бу­ке­тот што мом­че­то ѝ го да­де прет­ход­но. И му по­да­де цвет. Но, ко­га се оби­де да го зе­ме цве­тот, мом­че­то ја зе­ма са­мо рач­ка­та, а цве­тот оста­на кај Пе­ро – се смее еден од ос­но­ва­чи­те на „Ма­њи­фи­ко“.

– Бев­ме на тур­не­ја. Се до­го­во­рив­ме тој ден да ни ја до­не­сат во Сплит. Че­кав­ме до­лу на пи­ста. Ја до­не­соа се­стра ѝ на Не­вен­ка и неј­зи­ни­от со­пруг. Не­вен­ка ко­га ги ви­де са­мо го тур­на обез­бе­ду­ва­ње­то и се за­тр­ча. Вик­нав: тоа е мај­ка на де­те­то, не е де­ли­квент. Нѐ пре­поз­наа. Ја оста­ви­ја. Не­ве­на пла­че, Та­ња не ја поз­на­ва мај­ка си. Не са­ка да дој­де. Оти­дов­ме до Ма­кар­ска, пре­но­ќив­ме, па ду­ри то­гаш ве­ро­јат­но про­ра­бо­ти тој дет­ски ин­стинкт да ја по­чув­ству­ва сопс­тве­на­та мај­ка. Јас ку­пив ед­но чам­че во бои. Со тоа ѝ го прив­ле­ков вни­ма­ни­е­то за да поч­не да до­а­ѓа. Да не беа се­стра ѝ и зет ѝ на Не­вен­ка не ќе си го пре­поз­на­ев­ме сопс­тве­но­то де­те – ве­ли Ко­чов­ски.

Та­ња до де­сет го­ди­ни би­ла со по­ста­ра­та се­стра на Не­вен­ка, а по­доц­на Та­ња за­ед­но со те­тка си ја чу­ва­ла Ли­ди­ја. Ве­ли, сре­ќа што се за­ни­ма­ва­ат со слич­на про­фе­си­ја, па раз­би­ра­ат зо­што ро­ди­те­ли­те не би­ле по­крај нив. Пан­че ве­ли да не би­ле се­стра­та на Не­вен­ка и зе­тот „Ма­њи­фи­ко“ не ќе по­сто­е­ле.

– Се­стри­те на Не­вен­ка по три го­ди­ни брак се за­гри­жи­ле зо­што не­ма­ме де­те. Не­ве­на рек­ла де­ка, ед­но­став­но, ќе не­ма кој да го чу­ва де­те­то по­ра­ди неј­зи­на­та про­фе­си­ја. Се ра­бо­те­ше за  ан­самбл од кој жи­ве­ат уште че­ти­ри дру­ги се­мејс­тва. Го оста­вив­ме и фа­кул­те­тот за по­доц­на, за да се по­све­ти­ме на „Ма­њи­фи­ко“. Ед­но­став­но, врап­че­то бе­ше за­ста­на­то на про­зо­рец, од нас за­ви­се­ше да­ли ќе го фа­ти­ме… Нај­ста­ра­та се­стра то­гаш ре­че де­ка таа ќе го чу­ва. Не се сом­не­вав де­ка ќе има проб­ле­ми во вос­пи­ту­ва­ње­то. Има­ше ис­чу­ва­но три де­ца. Та­ња знае сѐ за до­ма­ќинс­тво. Ли­ди­ја по­ве­ќе по­ми­на со нас. Не знае ни­што да зго­тви – до­да­ва поз­на­ти­от ма­ке­дон­ски му­зи­чар.

manjikifo02

Кра­јот на ус­пеш­на­та при­каз­на

Нив­на­та стра­те­ги­ја за­вр­шу­ва со те­шка­та бо­лест на Кр­сто, кој бил бо­лен од рак. По­чув­ству­ва­ле де­ка тре­ба да се пов­ле­чат за лу­ѓе­то да ги па­ме­тат по до­бро, а не по тоа ко­га ќе поч­не­те да па­ѓа­те и да го ури­ва­те се­то тоа што сте го оста­ви­ле зад се­бе. Та­ка, на 22 ју­ни 1990 го­ди­на ре­ши­ле да ја за­вр­шат сво­ја­та ка­ри­е­ра. Но, оста­на­ле за­ед­но со Кр­сто. Ре­дов­но го по­се­ту­ва­ле в бол­ни­ца, Не­ве­на се гри­же­ла за не­го, му го­тве­ла… Кр­сто прем­но­гу ја по­чи­ту­вал Не­вен­ка, ко­ја се гри­же­ла за не­го цел жи­вот зна­еј­ќи де­ка е го­лем бо­ем. Дру­ги­те жи­ви чле­но­ви на овој му­зич­ки со­став и де­нес  дру­га­ру­ва­ат и се при­се­ту­ва­ат на во­нред­но бо­га­та­та умет­нич­ка оди­се­ја.

Ан­самб­лот „Ма­њи­фи­ко“ се пов­ле­че и ја за­вр­ши сво­ја­та мно­гу ус­пеш­на ка­ри­е­ра и за­ми­на во веч­но­ста.

 

„Ма­њи­фи­ко“ –  мит, ле­ген­да или ре­ал­ност

Сѐ е под­го­тве­но за кни­га­та по­све­те­на на Ма­њи­фи­ко. Од не­го­ва стра­на сѐ е за­вр­ше­но. Во се­кој дел на ма­те­ри­ја­ли­те има на­ве­де­но ко­ја фо­то­гра­фи­ја тре­ба да би­де по­ста­ве­на и ко­ја ле­ген­да тре­ба да стои. Си­те фо­то­гра­фии му се ну­ме­ри­ра­ни, со што се от­стра­ну­ва мож­но­ста да се на­пра­ви гре­шка. Уред­но и пре­циз­но е на­ве­де­но сѐ. Сѐ те­че во кон­ти­ну­и­тет.

– Со кни­га­та за­ед­но ќе има две ау­ди­о­це­деа, од­бра­ни ну­ме­ри од 192 сним­ки на но­са­чи на звук. Има­ме сни­ме­ни му­зич­ки ком­по­зи­ции за ре­дов­ни­те про­гра­ми на 40 ра­ди­о­ста­ни­ци низ Евро­па, 28 ма­ли му­зич­ки пло­чи со по две или че­ти­ри ну­ме­ри, пет ЛП му­зич­ки ал­бу­ми, че­ти­ри ау­ди­о­ка­се­ти и ед­но ау­ди­о­це­де, нај­че­сто про­да­ва­ни во зла­тен и во сре­брен ти­раж. Ние сме пр­ви му­зи­ча­ри од Ма­ке­до­ни­ја што из­да­ле ЛП ал­бум, во 1968 го­ди­на во „Ами­га“. Тие це­деа ќе би­дат со­ста­вен дел на кни­га­та, исто ка­ко и це­де­то со ви­де­о­ма­те­ри­јал. Во се­лек­ци­ја­та ми по­мог­наа Не­вен­ка и Пе­ро. Мис­лам де­ка е бес­мис­ле­но да се пра­ви ва­ква кни­га без да има це­де со му­зи­ка – рас­ка­жу­ва Ко­чов­ски.

До­се­га кни­га­та ја про­чи­та­ле де­се­ти­на лу­ѓе. Глав­но, бли­ски на авто­рот, од кои са­кал да слуш­не да­ли е на ви­стин­ски­от пат. Еден при­ја­тел му ре­кол де­ка ќе се оби­де да го на­пра­ви тоа за ед­на не­де­ла. Но, тре­ти­от ден му се ја­вил де­ка за­вр­шил со чи­та­ње­то.

– Ми ре­че де­ка е мно­гу чит­ли­ва и де­ка не мо­жел да ја оста­ви. Ја про­чи­таа и со­пру­га­та, ќер­ка ми Та­ња, зе­тот Пре­драг. За не­кои де­ло­ви ве­лат де­ка се не­ве­ро­јат­ни. Еден од ре­цен­зен­ти­те ми е Јо­ван Дам­ја­нов­ски, пи­са­тел со по­ве­ќе од 10 ро­ма­ни. Му­зич­ки ре­цен­зент ми е Ван­чо Ди­ми­тров, Фи­дан­ка Та­на­ско­ва е од пуб­ли­ци­стич­ки ас­пект. Тие ве­лат де­ка мај­стор­ски е на­пра­ве­на се­лек­ци­ја­та што да би­де при­сут­но, а што не. Има ра­бо­ти што не­до­сти­га­ат, но ап­сурд­но е да се пра­ви кни­га од 500-600 стра­ни­ци, не сме­ам да им здо­де­ам на чи­та­те­ли­те. На­про­тив, да би­де же­ден да про­чи­та што по­ве­ќе во еден здив. До­бро е што ќе има мно­гу илу­стра­ции. Ед­на фо­то­гра­фи­ја за­ме­ну­ва де­се­ти­на стра­ни­ци – об­јас­ну­ва Ко­чов­ски.

На по­че­то­кот „Ма­њи­фи­ко – мит, ле­ген­да или ре­ал­ност“, ќе би­де от­пе­ча­те­на во мал ти­раж – 700 при­ме­ро­ци. Се пла­ни­ра ре­а­ли­зи­ра­ње на европ­ска про­мо­ци­ја со при­сус­тво на прет­став­ни­ци од не­кол­ку европ­ски му­зич­ки цен­три, со кои „Ма­њи­фи­ко“со­ра­бо­ту­вал нај­ин­тен­зив­но.  Ко­чов­ски пла­ни­ра кни­га­та да се нај­де и во го­лем број европ­ски и свет­ски кул­тур­ни цен­три.

 

Раз­го­ва­ра­ше: Бил­ја­на За­фи­ро­ва
Фо­то: Ѓор­ги Ли­чов­ски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top