| четврток, 6 декември 2018 |

„Човек-птица“ доби награди „Оскар“ за најдобар филм, режија и сценарио

 87th Academy Awards - Press Room

Филмот „Човек-птица“ (Birdman) на режисерот Алехандро Ињарта е големиот победник на 87. церемонија на доделување на наградите на Американската филмска акадмија освојувајќи ги оскарите за најдобро филмско оставрување, за режија и за оригинално сценарио.

На церемонијата што синоќа се одржа во Лос Анџелес, „Оскар“ за најдобра главна машка улога доби Еди Редмејн за ролјата во филмот „Теорија на сè“ (The Theory of Everything), додека наградата за женска главна улога ѝ припадна на Џулиен Мур за толкувањето на ликот на жена заболена од Алцхајмерова болест во филмот „Сè уште Алис“ (Still Alice).

 87th Academy Awards - Press Room

„Оскар“ за епизодна машка улога доби Џеј Кеј Симпсон за фимот „Ритамот на лудилото“ (Whiplash), а во истата категорија кај жените „златното човече“ ѝ припадна на Патриша Аркет за ролјата во „Момчештво“.

Наградата на Академијата за најдобро адаптирано сценарио му припадна на Греам Мур за филмот „Игра на имитирање“ (The Imitation Game), додека сценаристите на „Човек птица“ – Алехандро Ињата, Николас Џаковоне, Александер Динеларис Јуниор и Армандо Бо добија „Оскар“ за оригинално сценарио.

За најдобар филм од неанглиското говорно подрачје е прогласен полскиот „Ида“ на Павел Павликовски, а „Оскар“ за најдобар анимиран филм доби „Големиот херој 6“ (Big Hero 6).

„Оскар“ за најдобар документарен филм освои „Граѓанинот четири“ (CitizenFour), за краткометражен „Телефонски повик“ (The Phone Call), а за кус документарен филм „Кризна телефонска линија: Ветерани притснете 1“ (Crisis Hotline: Veterans Press 1).

 Наградата за филмска музка ја доби Александер Дисплат за филмот „Големиот Будапест хотел“ (The Grand Budapest Hotel), а за најдобра нумериа изведена на филм е прогласена „Glory“ на Џон Леџенд од филмот „Селма“,

„Големиот Будапест хотел“ (The Grand Budapest Hotel) доби „Оскар“ и за костимографија (Милена Канонеро), за шминка (Франсис Ханон и Марк Кулие) и за сценографија (Адам Стокхаузен и Ана Пинок).

„Оскар“ за звук и за монтажа го добија Крег Ман, Бен Вилкинс и Томас Карли за „Ритамот на лудилото“ (Whiplash) и Роберт Мареј и Баб Асман за „Американски снајперист“ (American Sniper), за визулени ефекти Пол Франклин, Ендрју Локли, Јан Хантер и Скот Фишер за „Меѓу ѕвездите“ (Interstellar), а за монтажа Том Крос за „Ритамот на лудилото“ (Whiplash).

Водител на годинашнава манифестација на доделување на наградите „Оскар“ беше Нил Патрик Харис.

ФОТО: ЕПА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top