| четврток, 6 декември 2018 |

Невработеност во Германија при евентуален „Гризлез“

avtomobili industrijaГерманија би можела да загуби до 150 илјади работни места при евентуално излегување на Грција од еврозоната, смета претставник на Меѓународната организација за труд.

– Во момент кога дебатата за евентуално излегување на Грција од еврозоната е во тек, има голем број аналитичарите кои предупредуваат за ризици од можен Grexit, наведува Екехард Ернст, експерт за прашања на пазарот на труд.

Таков потег би довел до раст на невработеноста од 0,2 до 0,3 отсто. Според него, излегување на Грција од еврозоната би предизвикало несигурност и во Германија, би им отежнало на германските компании да добијат пари кои би ги искористиле за нови инвестиции.

– И Италија и Франција исто така би можеле да настрадаат од евентуален Grexit, додава германскиот економист.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top