| четврток, 6 декември 2018 |

Квадрадо навива за Манчестер Јунајтед?

Најважното засилување на Челси во зимскиот преоден рок, Колумбиецот Хуан Квадрадо од мали нозе навива за Манчестер Јунајтед.
Фудбалерот по преминот во Челси од редовите на Фиорентина изјави дека му се исполнил детскиот сон да игра во голем клуб од Премиер лигата.
Неговиот тренер од младинските категории во родната земја Денинсон Ривас изјави за англиските медиуми дека Квардаро всушност е навивач на „црвените ѓаволи“.

– Во тоа време околу 2000 година, Јунајтед имаше фантастичен тим. Беше еден од најјаките во Европа и поради тоа беа многу популарни во Колумбија. Сонуваше да игра за нив. Можеби и понатаму сонува за тоа. Изјави Денинсон.

Како и да е, Квадрадо кој за 26 милиони фунти го засили Челси и веќе дебитираше за лондонскиот тим е вистински професионалец и е фокусиран на играта и што подобри изданија во синиот дрес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top