Денеска во рамките од шпанската Примера дивизија се игра градското дерби помеѓу Атлетико Мадрид и Реал Мадрид на теренот на Атлетико Висенте Калдерон.
Тренерот на Кралскиот клуб Карло Анчелоти има големи главоболки за да го состави тимот. По повредите на Серхио Рамос и Џејмс Родригез, како и од порано остустниот Пепе, Анчелоти нема да може да смета и на левиот бек Марсело кој има пет жолти картони. Жалбата што ја поднесе Реал Мадрид за овој фудбалер е одбиена, па така тој нема право на настап во градското дерби.
На левата бековска позиција Италијанецот најверојатно ќе се одлучи да го стави Коентрао, но не е исклучено на оваа позиција да настапи и Арбелоа.
Поголем проблем е централната дефанзивна линија каде без Пепе и Рамос ќе мора да настапат Варан и Начо кои заедно имаат одиграно само 409 минути оваа сезона. Тие двајца досега комплетирале само два натпревара на кои и двата славеа играчите на Реал Мадрид.
Натпреварот започнува во 16 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Прекинато големото дерби, претсеателот на ПАОК влезе на теренот со пиштол (Видео)
-
Официјално: Атлетико Мадрид ги продаде Карраско и Гаитан во Кина
-
Аргентинецот Нико Гаитан заминува од Атлетико Мадрид
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера


