СВР Охрид до Основниот суд од Охрид поднесе предлог, на А.М.(51) од с.Лескоец, oхридско како заштитни мерки да му се изречат: отстранување од домот без оглед на сопственоста, забрана за заканување дека ќе стори семејно насилство и задолжително лекување од алкохолизам.
Предлогот е поднесен откако на 19 јануари, А.М.(51) видно под дејство на алкохол, вербално ги навредувал членовите на неговото семејство и ја загрозил нивната сигурност заканувајќи им се со убиство и со опожарување на семејната куќа по што кон нив фрлал делови од покуќнината и други предмети.
По прифатениот предлог и според донесеното решение од Основниот суд Охрид, мерките ќе траат една година а ќе бидат спроведувани од страна на СВР Охрид, Центарот за социјални работи Охрид и подрачните медицински установи во Охрид при Министерството за здравство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


