Земјотрес од четири степени според Рихтеровата скала синоќа во 22.49 часот го погоди регионот на планината Копаоник во Србија, соопшти Републичкиот сеизмолошки завод, јави „Танјуг“.
Епицентарот бил во близина на Нови Пазар, во рашкиот округ.
Земјотреси од ваков интензитет можат да предизвикаат само мали оштетувања на објекти во епицентралната област и евентуално да го вознемират локалното население.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.