| четврток, 6 декември 2018 |

Помош од Град Скопје за општина Новаци

Grad Skopje logo

По обилните врнежи и по поплавите, но и најавениот нов бран врнежи од утре попладне, кога се очекуваат и до 30 литри дожд на квадратен метар, Град Скопје денеска испрати тим и техничка помош и механизација за соочување со поплавите во општина Новаци.

Од Град Скопје соопштија дека општината Новаци е една од најпогодените од поплавите во источниот дел на Република Македонија, па поради тоа решиле да помогнат за подобро излегување на крај со состојбата. Испратени се три цистерни за извлекување вода со две моторни пумпи, со голем капацитет за испумпување (7.800 и 1.200 литри вода во минута), како и една цистерна со вода за пиење. Со техничката помош во општина Новаци е испратена и екипа од 12 лица од Штабот за заштита и спасување на Град Скопје.

Штабот за заштита и спасување на Град Скопје, наведуваат оттаму, ја следи состојбата на терен и доколку има потреба ќе испрати дополнителна помош.

Претходно, по првиот бран на обилни дождови и поплави кои во неделата го зафатија источниот дел од државата, Штабот за заштита и спасување на Град Скопје испрати тим и техничка помош и механизација за справување со поплавите во општина Штип, стои во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top