| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар е магнет за успешните, по Т-Мобиле и Витаминка во „црвено-црното“ семејство

Вардар го засили спонзорскиот пул со уште една успешна фирма, откако денеска беше официјализиран договорот со „Витаминка“. Брендот во прехранбената индустрија што го произведува и промовира познатиот “Стоби Флипс“ ќе го помага развојот на фудбалскиот и ракометниот клуб Вардар.

„Ние како компанија секогаш сме го помагале спортот, а во овој случај го препознавме квалитетот на проектот на Вардар и сакавме да се вклучиме во оваа приказна. Се надеваме на успешна соработка“, изјави Владимир Трпановски, комерцијален директор на „Витаминка“.

vita

Претходно и мобилниот оператор Т-Мобиле стана дел од „црвено-црното“ семејство, кое станува магнет за големите и успешни брендови во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top