– Овој пат, како резултат на светскиот тренд на намалување на цената на енергентите, во последните неколку недели „Витаминка“ забележи пад на трошоците за производство. Намалувањето на цената на производите во моментов е реакција на случувањата на глобално ниво и поради намалените трошоци, за нас како компанија се отвори можноста за корекција на цените во надолна линија, а краен бенефит ќе имаат нашите потрошувачи – изјавија од „Витаминка“.
„Витаминка“ е меѓу првите македонски производители што ги намалува цените на своите производи следејќи го падот на цената на енергентите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Подравка“ повлекува дел од замрзнатите производи заради сомнеж за можно микробиолошко отстапување
-
Витаминка го купи имотот на штипски „Брилијант“ за 7,3 милиони евра
-
Овие намирници може да ги јадете и кога ќе им помине рокот на траење
-
Од Нова Година поскапување на сите производи во продавниците низ Македонија



