
Поранешниот новинар Јанис Рубатис е назначен за директор на грчката Национална служба за разузнавање (ЕИП) од страна на премиерот Алексис Ципрас, јави „Катимерини“.
Рубатис е роден во Јанина во 1948 година и има докторат по меѓународни односи од Универзитетот „Џон Хопкинс“.
Тој бил специјален советник на премиерот Андреас Папандреу за светски медиуми во 1981 година и бил владин портпарол во 1987 година и 1988 година. Од 1994 година до 1999 година бил пратеник на ПАСОК во Европскиот парламент.
Во 1987 година Рубатис ја објавува книгата „Заплеткани мрежи: САД во Грција 1947-1967 година“, која е заснована на неговата докторска дисертација во која ги осуди американските власти и грчките повоени конзервативни партии за нивната соработка со американските тајни служби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција


