| четврток, 6 декември 2018 |

Светска метеоролошка организација: 2014 година била најтопла година досега

toplo

Минатата година била најтопла година досега, што е во согласност со климатските промени, соопшти денеска Светската метеоролошка организација (СМО).
Просечната температура во 2014 година била 0,57 степени повисока од просечните 14 степени во периодот од 1961 до 1990 година, се наведува во соопштението на организацијата.

Според генералниот секретар на СМО, Мишел Жаро, 14 од 15 најтопли години се забележани во овој век.
– Во текот на 2014 година се забележани рекордни жештини во комбинација со обилни врнежи и поплави во голем број земји и суша во одделни земји, во согласност со очекуваните климатски промени – рече Жаро.
Членките на Обединетите нации ќе се сретнат идната недела во Женева за да разговараат за договорот за глобалната клима што мора да биде потпишан во Париз во декември заради сузбивање на емисиите штетни гасови кои го предизвикуваат ефектот стаклена градина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top