| четврток, 6 декември 2018 |

Фридом Хаус: Македонија делумно слободна

Како слободни земји од регионот, во кои спаѓаат оние со политичка конкуренција, кои ги почитуваат граѓанските права и човекови слободи и имаат независни медиуми, се најдоа Србија, Хрватска и Црна Гора

Македонија има ограничено почитување на политичките права и слободи, тврди невладината организација Фридом Хаус, во нивниот последен извештај.

Како слободни земји од регионот, во кои спаѓаат оние со политичка конкуренција, кои ги почитуваат граѓанските права и човекови слободи и имаат независни медиуми, се најдоа Србија, Хрватска и Црна Гора, се наведува во извештајот на „Фридом хаус“.

Босна и Херцеговина, Македонија и Косово се оценети како делумно слободни, односно во нив е ограничено почитувањето на политичките права и граѓански слободи. Тие страдаат од корупција, слабо владеење на правото, етнички и верски судири и политичка сцена на која една партија е доминантна, и покрај одреденото ниво на плурализам.

На глобално ниво, во светот во 2012 година имало 90 целосно слободн и земји, што е 46 отсто од вкупно 195 земји, колку што се опфатени во годинешниот извештај на „Фридом хаус“. Оваа организација во делумно слободните рангираше 58 земји, додека 47 се неслободни. Неслободни се оние земји во кои не постојат основни политички права, а граѓанските слободи се кршат систематски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top