Министерството за одбрана на Република Македонија дава големо значење на специјалните сили во рамки на АРМ, кои секојдневно покажуваат исклучителни способности и капацитети. За нас е значајно специјалните сили да споделуваат искуства и знаења со специјалните сили на САД бидејќи тоа е најдобриот начин уште повеќе да го подигнеме квалитетот на овој значаен дел од Армиите на Република Македонија и на САД, истакна министерот за одбрана Зоран Јолевски на средбите вчера во Командата на специјалните сили на САД во Тампа, Флорида.
Како што денеска соопшти МО, на средбата со генерал мајор Волтер Ли Милер, министерот Јолевски информирал дека Република Македонија развива повеќе капацитети, кои се особено привлечни за обуки и вежби во реални услови, особено полигонот „Криволак“, кој нуди голема разновидност во извежбувањето.
Генералот Милер посочил дека имајќи предвид какви способности прикажуваат македонските мировници во мисиите „Слобода за Ирак“, ИСАФ и моментно во „Речителна поддршка“, несомнено специјалните сили во АРМ се обучувани согласно највисоките стандарди, кои се практицирани и во Армијата на САД и во НАТО.
На средбите, соопшти МО, станало збор и за учеството на припадниците на АРМ во обуките на командата на НАТО за специјални операции.
Во рамки на посетата, министерот Јолевски и бригадниот генерал Васко Ѓурчиновски, инаку командант на полкот за специјални операции во АРМ, се запознаа со капацитетите на командата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


