Влатко Гроздановски ја раскина 4-годишната врска со манекенката Христина Мицевска. Фудбалерот, кој веќе извесен период ги брани боите на Вардар, во моментов престојува во Турција каде што е на подготовки со клубот, а тиквата меѓу него и Христина пукнала непосредно пред неговото заминување, пишува ВЕЧЕР.
-Во моментов не сум во Македонија и навистина не сакам да коментирам ништо за мојата врска. Не знам на што сме и не би сакал да зборувам со тоа – вели фудбалерот кој отсекогаш важел за миленик на понежниот пол.
Влатче пред да потпише договор за Вардар девет години играше надвор од нашата земја, а токму манекенката беше причината поради која реши да се врати назад.
–Една од причините поради кои се вратив сигурно е и Христина. Врската на далечина е тешка за одржување. Сепак, од друга страна, ако вистински сакаш и имаш разбирање за сѐ, тогаш апсолутно сѐ може да се издржи – изјави фудбалерот за ВЕЧЕР веднаш по потпишувањето на договорот со Вардар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


