| четврток, 6 декември 2018 |

Приведен возачот што го усмрти петгодишното дете

lisice-hapsenje-1331803344-136476

Велешката полиција го приведе возачот што вчера прегази петгодишно дете.
Приведен е 29-годишен жител на велешкото село Горно Оризари. Тој е осомничен дека вчера околу 20 часот во велешкото село Превалец со своето возило го прегазил детето и не застанал. Детето со мајката и со братот чекало превоз за Горно Јаболчиште, каде што живееле. Детето итно било пренесено во велешката болница, но лекарите не успеале да го спасат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top